Софтвер за адвокати и адвокатски канцеларии

Секој рок, рочиште и предмет на едно место. И асистент кој ги знае законите и вашите предмети.

Внесете примен акт од суд и ClerkMind го предлага рокот, ги знае празниците и ве потсетува навреме. Наградата ја пресметува по Адвокатската тарифа, а АИ асистентот ги наоѓа прописите, ги чита списите и подготвува нацрти за ваш преглед.

  • Македонските судови и бројот на предмет во суд
  • Рокови од доставата, со празниците и судскиот одмор
  • Адвокатска тарифа и фактури во денари, со ДДВ и износ со букви
Погледнете го видеото5:01
Програма за адвокатска канцеларија: предмет во ClerkMind со судот, судијата, следното рочиште и најблискиот рок. Илустративен пример.

Видео · 5:01

Погледнете како работи ClerkMind.

Предмет, рочиште, рок, време, тарифа, фактура и тим, па АИ асистентот: целата канцеларија за пет минути.

Поглавја и транскрипт

Сè за предметот, таму каде што го барате.

Секојдневието на адвокатската канцеларија, без табели, папки и ливчиња.

  1. Предмети

    Сите предмети со судот, бројот во суд и статусот на еден поглед. Секој предмет ги собира странките, фазите, роковите и текот на случувањата на една страница, со следниот чекор и кој постапува.

    Предмети и клиенти
  2. Рочишта и рокови

    Внесете примен акт од суд и ClerkMind ќе го предложи рокот што тече од доставата, за 15 видови постапки, со празниците и судскиот одмор. Почетната страница ги покажува пропуштените рокови, рочиштата во неделата и роковите што наскоро истекуваат, а потсетниците стигнуваат во апликацијата, на е-пошта и до вашата замена.

    Рокови и рочишта
  3. Задачи

    Секоја обврска со одговорен адвокат, замена, приоритет и рок. Работете во табела или на канбан табла, каде што задачите ги повлекувате од „Се чека“ до „Завршено“.

    Рокови и рочишта
  4. Клиенти

    Кога клиентот ќе се јави, ги гледате неговите предмети, последниот разговор и што му ветивте. Тука се и личните податоци за судските документи, а ЕМБГ е скриен и секое прикажување се запишува.

    Предмети и клиенти
  5. Документи

    Секој поднесок, договор и доказ е во предметот, со верзии, па не барате по папки и е-пошта. Документите се отвораат во апликацијата и се скенираат со телефон преку QR-код, а полномошното, матичната картица и трошковникот се прават сами од податоците на предметот.

    Документи
  6. Повици, е-пошта и белешки

    Запишете го повикот, средбата, е-поштата или пораката во предметот, за колегата да знае што е договорено и кога.

    Предмети и клиенти
  7. Наплата и фактури

    Евидентирајте време и трошоци по предмет, договорете награда по час, фиксно во рати или по дејство и издадете фактура со рекапитулација на ДДВ, износ со букви и жиро-сметка. На еден екран гледате што чека фактура, што е неплатено, што доцни и што е платено.

    Фактури и наплата
  8. Адвокатска тарифа

    Изберете постапка, вредност и дејство, а ClerkMind ја пресметува наградата по Адвокатската тарифа, со секој чекор и членот на кој се темели. Наплатените дејства одат на фактурата и во трошковник за судот.

    Адвокатска тарифа
  9. Извештаи

    Шест извештаи како PDF, со еден клик: ненаплатена работа, регистар на фактури и ДДВ, рокови и застарување, продуктивност по адвокат, надоместувања на трошоци и преглед на предмети.

    Тим и извештаи
  10. Тим

    Секој адвокат ја гледа својата работа, а администраторот целата канцеларија: часовите по адвокат, наплатата и распоредот. Предметите се споделуваат по лице, со право да гледа или да уредува.

    Тим и извештаи
Листа на предмети со суд, број на предмет во суд, статус и одговорен адвокат.
Почетна страница: пропуштени рокови, рокови наскоро, претстојни рочишта и распоред за неделата.
Канбан табла со задачи и рокови по статус.
Страница на клиентка со контакти, скриен ЕМБГ и нејзините предмети.
Папката „Поднесоци“ на предметот, со верзии, заклучени документи и пребарување.
Комуникациите на предметот: телефонски повици и е-пошта, со судот, судијата и клиентот во резимето покрај нив.
Наплата: работата што чека фактура, нацрти, неплатени и платени фактури, и издадена фактура.
Пресметка на награда по Адвокатската тарифа: вредност, дејство, чекори со членови и вкупен износ.
Страницата Извештаи со шесте извештаи и избор на период.
Приказ на канцеларијата: часови по адвокат и наплата од работа до платени фактури.

И сите ситници што заштедуваат време.

  • Пребарување низ сè

    Со Ctrl K или ⌘ K наоѓате предмет, клиент, задача или документ од секоја страница.

  • Брзи дејства

    Рочиште, рок, примен акт, трошок или нов предмет, од секоја страница.

  • Тајмер на предметот

    Го стартувате во заглавјето, а кога ќе запрете, записот за времето е подготвен.

  • Замена

    За секое рочиште и рок одредувате замена, која се известува ако вие не потврдите.

  • Судовите во Македонија

    Судовите со адреса, телефон, веб-страница и надлежност, веднаш во предметот.

  • Присуство на рочиште

    Кој треба да дојде и кој дошол, со предупредување кога отсуствува некој задолжителен.

  • Сведоци

    Секој сведок со контакти, односот кон случајот и изјавата, поврзан со рочиштата.

  • Заклучени документи

    Судските акти, сметките и издадените фактури се чуваат точно како што се примени или издадени.

  • Клучни документи и коментари

    Закачете ги најважните документи на предметот и оставете коментар за колегите во папката.

  • Историја на предметот

    Пресуди, поднесоци, достави, докази и спогодби, по датум, со поврзан документ.

  • Проверка на ЕДБ и жиро-сметка

    ЕДБ, ЕМБС и жиро-сметката се проверуваат при внесување, а банката се препознава сама.

  • Извоз во секое време

    Цел предмет или цела канцеларија во една ZIP-архива, со документите и податоците.

  • Агенда за печатење

    Агендата за избраниот период се зачувува како PDF, со суд, судница и судија.

  • Телефон и таблет

    ClerkMind работи во прелистувачот, без инсталирање, со екрани прилагодени за телефон.

  • Водич и примерен предмет

    Новата канцеларија почнува со целосен примерен предмет и водич низ апликацијата.

АИ асистент кој го познава предметот.

Прашајте со свои зборови, од која било страница. Асистентот ги чита прописите, документите и податоците на вашата канцеларија и одговара со извори што можете да ги проверите.

АИ правен асистент
  • Ги истражува прописите

    Ги наоѓа одредбите што важат на датумот што ве интересира, ажурирани според Службен весник, со закон и член, а секој цитат автоматски се проверува.

  • Подготвува нацрти

    Тужби, жалби, приговори, договори и дописи, од фактите во предметот. Прво ве прашува за она што недостасува.

  • Ги анализира списите

    Ги чита документите во предметот, и скеновите и фотографиите, прави резиме, споредува верзии и покажува на која страница е одговорот.

  • Ги знае вашите податоци

    Кои рочишта имате оваа недела, кои фактури доцнат, колку предмети има клиентот: точно, и само она што вие смеете да го видите.

  • Пресметува и споредува

    Рокови, награда по тарифа, судски такси и законска камата, со правилата на апликацијата. Споредува и опции, како тужба или медијација, со ризици и трошоци.

Вештачка интелигенција за правници: адвокат прашува за рокот за жалба; АИ асистентот ги проверува Законот за парничната постапка и документите на предметот, одговара со извори и подготвува нацрт на жалба. Илустративен пример.

ClerkMind помага. Вие одлучувате. Секој нацрт и одговор го проверувате вие.

Создаден за доверлива адвокатска работа.

ClerkMind е изграден со почит кон адвокатската тајна. Предметите на вашата канцеларија се одвоени од сите други, се чуваат во ЕУ, а секое дејство остава запис. Обработката на личните податоци е уредена со договор според Законот за заштита на личните податоци.

  • Вашите списи остануваат ваши

    Се чуваат само во Германија (ЕУ), во центри за податоци сертифицирани според ISO/IEC 27001. Никогаш не се користат за обучување АИ модели.

  • Секогаш приватна врска

    TLS 1.3 со AES-256 шифрирање (за постарите прелистувачи најмалку TLS 1.2) и задолжителен HTTPS (HSTS), на домен потврден со DNSSEC.

  • Целосна историја

    Кој што изменил и кога, кои документи се преземени и секоја најава. Историјата не може да се менува.

  • Заштитена најава

    Најава во два чекора со код од телефонот, една активна сесија по лице и автоматска одјава кога ќе се оддалечите.

  • АИ во ЕУ, без обучување

    АИ асистентот работи на Google Cloud во ЕУ. Гледа само она што го гледа корисникот, а вашите податоци не се користат за обучување АИ модели.

  • ЕМБГ под контрола

    ЕМБГ на клиентот е скриен во апликацијата, а секое прикажување се запишува со име и време.

Како ги штитиме вашите податоци

Започнете со ClerkMind.

Пристапот го отвораме постепено. Кажете ни нешто за вашата канцеларија и ќе ве контактираме за да договориме почеток.

Сакате прво да го видите? Закажете демонстрација, онлајн или во вашата канцеларија.

Имате прашање пред тоа? Пишете ни на [email protected].

Ви благодариме. Ќе ви пишеме за да договориме почеток.

Големина на канцеларијата

Често поставувани прашања

Што е ClerkMind?

ClerkMind е софтвер за адвокати и адвокатски канцеларии. Ги чува предметите, клиентите, документите, рочиштата, роковите и наплатата на едно место, ја пресметува наградата по Адвокатската тарифа и има АИ асистент кој ги истражува прописите, ги чита документите во предметот и подготвува нацрти за преглед од адвокатот.

Како да почнам со ClerkMind?

Пристапот го отвораме постепено. Побарајте ран пристап на оваа страница и ќе ве контактираме за да договориме почеток. Нашиот тим може да ви помогне и лично со поставувањето.

За кого е наменет ClerkMind?

За самостојни адвокати и адвокатски канцеларии од секаква големина, почнувајќи од Северна Македонија.

Дали ClerkMind е на македонски?

Да. ClerkMind е изработен на македонски, со судовите, судските акти и процесните поими со кои адвокатите работат секој ден.

Дали ClerkMind работи на телефон?

Да. ClerkMind работи во прелистувачот на телефон и таблет, без инсталирање. Документите се отвораат и се скенираат директно од телефонот, а рочиштата и роковите може да ги имате и во календарот на телефонот.

Дали ClerkMind ја пресметува наградата по Адвокатската тарифа?

Да. Ги избирате постапката, вредноста и дејството, а ClerkMind го покажува секој чекор од пресметката со членот од тарифата. Износот може да го смените, а наплатените дејства одат на фактура и во трошковник за судот.

Какви извештаи има?

Шест, како PDF: Ненаплатена работа, Регистар на фактури и ДДВ, Рокови и застарување, Продуктивност по адвокат, Надоместувања на трошоци и Преглед на предмети.

Дали АИ го заменува адвокатот?

Не. АИ асистентот презема дел од истражувањето, резимеата и првите нацрти. Правната проценка и последниот збор остануваат кај адвокатот.

Како АИ асистентот ги покажува изворите?

Секој правен одговор ги наведува законот и членот на кои се темели, а секој цитат автоматски се проверува. Одговорите за предметот упатуваат на документите и страниците од кои потекнуваат, а податоците од канцеларијата на записите од кои се земени, за да можете да ги проверите.

Дали АИ асистентот менува нешто во апликацијата сам?

Не. Кога треба фактура, рочиште или нов предмет, ве носи до формуларот на апликацијата, веќе пополнет, а вие го проверувате и зачувувате. Нацртот влегува во Документи дури кога ќе кликнете „Зачувај во Документи“. Асистентот не испраќа и не поднесува ништо.

Каде оди мојот спис кога го чита АИ асистентот?

АИ асистентот работи на Google Cloud (Vertex AI и Document AI) во ЕУ. Прашањето и деловите од документите и податоците што му се потребни за одговорот се обработуваат таму, според условите на Google Cloud, а вашите податоци не се користат за обучување АИ модели. Асистентот гледа само она што го гледа корисникот, а пребарувањата на интернет се праќаат без лични податоци. Деталите се на страниците Подобработувачи и Безбедност.

Дали податоците за клиентите се безбедни?

Да. Податоците се чуваат само во Германија (ЕУ), во центри за податоци сертифицирани според ISO/IEC 27001, а врската е шифрирана со TLS 1.3 и AES-256 (за постарите прелистувачи најмалку TLS 1.2). Секоја канцеларија е целосно одвоена од другите, а во канцеларијата секој адвокат ги гледа само предметите што му се споделени. ЕМБГ е скриен и секое прикажување се запишува. Најавата може да се заштити во два чекора, секое дејство се чува во историја што не може да се менува, а вашите документи никогаш не се користат за обучување АИ модели. Сите мерки се наведени на страницата Безбедност.

Каде се чуваат податоците?

Во Германија (ЕУ), во центрите за податоци на Hetzner во Нирнберг, сертифицирани според ISO/IEC 27001. Таму се чуваат и базата на податоци, и документите, и резервните копии. Кога го користите АИ асистентот, потребните податоци се обработуваат кај Google Cloud во ЕУ.

Дали ClerkMind ги знае државните празници и неработните денови?

Да. Календарот ги прикажува државните празници и празниците на заедниците. Кога рокот што тече од доставата на примениот акт паѓа на неработен ден, ClerkMind го предлага следниот работен ден, го зема предвид и судскиот одмор, а вие го потврдувате.

Дали има водич за почеток?

Да. Апликацијата има водич низ главните страници и примерен предмет со целиот тек, од прием до рочиште, за да ги испробате функциите пред да внесете свои податоци. Примерните записи се јасно означени. Ако сакате, нашиот тим ќе ви помогне и лично: заедно ја поставуваме вашата канцеларија и ги воведуваме колегите во работата.

Дали ClerkMind работи со мојот календар?

Да. Рочиштата и роковите може да се појавуваат во Google Calendar, Outlook или Apple Calendar преку приватен линк за претплата што се ажурира сам.

Може ли да ги префрлам постојните предмети?

Да, постепено и со наша помош. Предметите и клиентите се внесуваат во апликацијата, а нашиот тим ви помага при почетокот. Автоматски увоз од друг систем засега нема.

Дали можам да ги извезам моите податоци?

Да, во секое време. Цел предмет може да се извезе како ZIP-датотека: документите во нивните папки, резиме во PDF и сите податоци во JSON или CSV. Администраторот може да ги извезе и сите податоци на канцеларијата одеднаш.

Што ако сакам да престанам да го користам ClerkMind?

Може да откажете во секое време, а сите податоци ги носите со себе: администраторот може да извезе сè во една архива.