Видео · 5:01
Како работи ClerkMind.
Од предметот и рокот до фактурата и АИ асистентот: целата канцеларија за пет минути, со говор на македонски.
Транскрипт
Говорот од видеото, по поглавја.
0:00Вовед
Рокови. Рочишта. Тарифа. Трошковници. Фактури. Прописи.
Вие водите предмети — ClerkMind води сметка за сè друго.
0:15Почетната страница
Денот почнува на едно место: што е пропуштено, што доспева и каде треба да бидете.
0:26Предмет и рочиште
Секој предмет ги собира клиентот, судот, документите, белешките и разговорите.
А еден екран кажува што следува, кој постапува и до кога.
На рочиштето знаете кој е задолжителен и кој не се појавил.
0:55Рокови и потсетници
Внесете ја пресудата — ClerkMind го предлага рокот, со членот од законот.
Рокот паѓа на државен празник — ClerkMind го поместува на првиот работен ден.
Потсетници пред рокот — а ако не потврдите, се известува вашата замена.
1:22Задачи и тајмер
Задачите се на табла, а распоредот и на вашиот телефон.
Вклучете го тајмерот — кога ќе го запрете, времето е веќе запишано и подготвено за фактура.
1:40Тарифа и наплата
Секое дејство се пресметува по Адвокатската тарифа, со членот за секој износ.
Трошковникот се составува сам, а времето, дејствата и трошоците одат на фактура.
Една лента покажува што чека фактура, што не е платено и што доцни.
2:11Документи и тим
Секоја верзија се чува, хартијата ја скенирате со телефон, а полномошното се пишува само.
Цел тим, секој со своја улога — а историјата бележи кој што направил.
Администраторот ја гледа целата канцеларија, со шест извештаи на еден клик.
2:46АИ асистентот
И сето тоа, со асистент кој ги знае законите и вашите предмети.
Прашајте со свои зборови — секој цитат од законот автоматски се проверува.
Ги чита списите, скеновите и фотографиите, и покажува на која страница е одговорот.
Ги знае вашите рочишта и фактури, а гледа само она што вие смеете да го видите.
Кога треба ново рочиште или фактура, го отвора формуларот веќе пополнет.
Рокови, тарифа, судски такси и камата: сè пресметано со правилата на апликацијата.
А првиот нацрт го пишува од фактите во предметот: прво прашува за она што недостасува.
Тужба, жалба, договор или допис. Последниот збор е секогаш ваш.
4:23Облак и безбедност
Сè е во облак: во канцеларија, дома, во суд.
Податоците се чуваат само во Германија, а секоја врска е шифрирана.
Асистентот работи на Google Cloud во Европската Унија, а вашите податоци не се користат за обучување.
4:46Ран пристап
Побарајте ран пристап на clerkmind.com.